„Фајзер“: 40 милиони вакцини за сиромашните земји
25.01.2021 11:55
Претходно неделава генералниот директор на СЗО, Гебрејесус, ги критикуваше фармацевтските компании кои поради профит главно ги снабдуваат богатите земји.

Американската компанија „Фајзер“ се обврза годинава да испорача 40 милиони дози вакцини против Ковид- 19 за сиромашните земји. Договорот е поттик за светската програма Ковакс, со оглед на тоа што богатите држави веќе купија најголем дел од постојните вакцини.
Претходно неделава генералниот директор на СЗО, Гебрејесус, ги критикуваше фармацевтските компании кои поради профит главно ги снабдуваат богатите земји.
Механизмот Ковакс, чија цел е обезбедување фер пристап до вакцините против Ковид-19 за сиромашните земји, претходно обезбеди речиси 2 милијарди дози од други производители.
