Бајден повторно воведе рестрикции за влез во САД
25.01.2021 12:23
Бајден повторно воведе рестрикции за влез во САД за повеќето луѓе кои не се Американци, а доаѓаат од Велика Британија, Бразил, Ирска и поголемиот дел од Европа...

Претседателот на САД, Џо Бајден повторно воведе рестрикции за влез во САД за повеќето луѓе кои не се Американци, а доаѓаат од Велика Британија, Бразил, Ирска и поголемиот дел од Европа.
Забраната се однесува и на лица кои неодамна биле во Јужна Африка, поради информации за појава на нови, преносливи видови на коронавирус во САД.
Новата одлука влегува во рамката на планот на новата администрација за борба против коронавирусот во САД.
