Рунтевски: Млекото на македонскиот пазар е квалитетно

17.03.2014 15:28

Досегашните испитувања на млекото не покажале ниту еден позитивен резултат на патогени или каква било неисправност, поради што бројот на мостри за анализа е намален, наместо еднаш неделно како досега, ќе се земаат еднаш во две недели...

Млекото што се продава на македонскиот пазар е исправно соопштија надлежните институции. Ова се заклучоците од денешниот работен состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски.

„По аферата во Србија и регионот за афлатоксините, ситуацијата е под котрола. Секоја пратка млеко што доаѓа од овие подрачја се проверува и не се пушта во промет додека не се добијат задоволителни резултати“, изјави директорот  на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.

Досегашните испитувања на млекото не покажале ниту еден позитивен резултат на патогени или каква било неисправност, поради што бројот на мостри за анализа е намален, наместо еднаш неделно како досега, ќе се земаат еднаш во две недели.