Нови поостри мерки за патување низ земјите- членки на ЕУ
Европската унија воведува нови поостри мерки за патување во и надвор од земјите членки на Унијата со цел да се запре ширењето на новиот вид на коронавирус кој првично се поајви во Велика Британија.

Европската унија воведува нови поостри мерки за патување во и надвор од земјите членки на Унијата со цел да се запре ширењето на новиот вид на коронавирус кој првично се поајви во Велика Британија.
„Во моментот се детектирани многу случаи на нови инфекции низ многу земји- членки и постои итна потреба да се намали ризикот од инфекции поврзани со патувања, со цел да се намали товарот на здравствениот систем. Како дополнение на мерките усвоени минатиот октомври, Комисијата предлага натамошни мерки. Се препорачува да се прекинат сите неесенцијални патувања до и од високоризичните области. Земјите членки се обврзуваат да бидат доследни на мерките во однос на патувањата во и надвор од границите на Унијата“, изјави Дидие Рејнхард, еврокомесар за правда.
„Комисијата усвои нов координиран пристап за сите форми на патувања до и од трети земји до Европската унија. Тестирањето ќе биде задолжително за сите патници кои влегуваат во ЕУ. За влез во ЕУ ќе биде задолжителен ПЦР тест не постар од 72 часа“, изјави Илва Јохансон, еврокомесар за внатрешни работи.
Министрите за надворешни работи на земјите- членки разговараат за стратегијата на ЕУ за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 на трети земји и други напори на ЕУ да се обезбеди еднаков и фер пристап до безбедни вакцини на глобално ниво.
„Ја разгледуваме стратегијата за справување со ширењето на Ковид-19 во трети земји и во земјите од Европската унија“, рече Жозеп Борел, висок претставник за надворешна политика на ЕУ.
„Како што знаете Романија дава целосна поддршка за усвојување на механизам за помош на земјите од Западниот Балкан, но исто така и за источните партнери кои ќе имаат бенефиции од вакцините снабдени преку Европската унија. Мислам дека тоа е многу важна иницијатива бидејќи ЕУ не може да биде безбедна и здрава , доколку и соседите не се безбедни и здрави“, нагласи Богдан Ауреску, министерство за надворешни работи на Романија.
Брисел бара одговори од Британско- шведската компанија „АстраЗенека“ откако потпиша договор со компанијата, која соопшти дека ќе мора значително да ја редуцира испораката на дозите. Вакцината на „АстраЗенека/Ооксфорд“ се смета за клучна во глобалниот напор за вакцинација бидејќи за разлика од ривалите е поевтина и може да се чува во регуларни фрижидери, а не во специјални.
„Фајзер“ се обврза годинава да испорача 40 милиони дози вакцини против Ковид–19 за сиромашните земји, договор кој е поттик за светската програма Ковакс, чија цел е обезбедување фер пристап до вакцините против Ковид-19 за сиромашните земји. Во меѓувреме, „Фајзер“ официјално објави дека и нуди на американската влада купување дополнителни 400 милиони дози.
Марина Ристова
