Во земјава не е присутен британскиот сој на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека заклучно со 11 јануари годинава, не е утврдено присуство на мутираниот коронавирус од Велика Британија во нашата земја. Од почетокот на пандемијата досега се анализирани речиси 180 вирусни геноми, при што е утврдено присуство на 20-ина соеви на вирусот. Епидемиолозите предупредуваат на внимателност и на почитување на мерките...

Нов британски сој на корона вирус не е детектиран во Македонија, покажаа последните анализи на МАНУ. Резултатите се добиени по направените анализи на геномите на близу 180 Сарс Ков 2 вируси кај пацинети во земјава, дијагностицирани во период од околу 7 месеци, од минатата година во јуни до 11 јануари годинава.
Од почетокот на пандемијата досега, по направените анализи е утврдено присуство на 20- тина совеи на вирус. Соевите се изолирани кај пацинети од различни градови. Два соја се доминатни. Едниот е присутен од почетокот на пандемијата и е застапен во цела Европа. Другиот се зголемува во последните месеци и во моментот е доминантен кај анализираните пациенти. За прв пат е детектиран пред 7 месеци кај пацинет од Охрид. Епидемиологот Даниловски вели-мнема простор за паника.
И покрај трендот на опаѓање на бројот на новодијагностицирани случаи, пандемијата не е завршена, предупредува Даниловски. Мерките треба да останат на сила уште некое време за да не ни се случи есенкиот бран, со рекорден број на новозаболени, полни болници, и речиси секојдневно по дваесетина починати.
Според податоците на Министерството за здравство, последните 24 часа се регистрирани 63 нови случаи на Ковид -19, од направени 677 тестирања. Во болнички услови починале 6 пациенти. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата е нешто над 90 илјади. Починаа 2.799, а бројот на активни случаи е нешто над 9 илјади.
Наташа Јанчиќ Менковски
