Дисбаланс во понудата и побарувачката на свинско месо, извозот на јагнешко расте
До вчера се извезени 38.000 јагниња што е мало зголемување во однос на истиот период лани...

Моментно постои дисбаланс меѓу понудата и побарувачката на свежо свинско месо, а извозот на јагнешко бележи благ пораст. Решение има и за свинското месо. Преработувачите, според проценките, ќе треба да откупат 180 до 200 тони, но за тоа ќе се разговара утре, на веќе закажаната средба, изјавија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски по денешниот работен состанок.
„Извозот на јагнешко, согласно евидентираниот број договори, е сосема солиден и нешто поголем од лани. Агенцијата за храна ќе ги направи сите напори за олеснет извоз, без какви било проблеми иако конкуренцијата на регионалниот пазар е изострена, посебно од Романија и Бугарија. Со оглед на нашите традиционални врски со Грција, Хрватска, Италија, сметаме дека ќе има поголема динамика на пласманот на македонско јагне“, истакна министерот Димовски.
До вчера се извезени 38.000 јагниња што е мало зголемување во однос на истиот период лани.
