Наскоро нов закон за постапување со жртвите на семејно и родово базирано насилство

25.01.2021 16:17

Нов закон за постапување со жртвите на семејно и родово базирано насилство. Треба да стави крај на долгото чекање на судска интервенција. Познавачите велат дека сега правдата доаѓа бавно, а казните се релативно ниски...

Земјава наскоро ќе добие нов закон за постапување со жртвите на семејно и родово базирано насилство. Решението е во собраниска процедура, а предложениот текст е продукт на заедничка работа на власта и опозицијата. Освен што го регулира постапувањето со жртвите, нивно згрижување, помош и советување, законот интервенира и во судската надлежност за носење на итни решенија, како и ослободување на жртвите од трошоците во постапката.

Правдата по судски пат бавно доаѓа, велат познавачите, а казните се релативно ниски. Од условна или парична, па до затвор од три години.

Статистиката покажува дека се пријавуваат околу 15 насто од случаите. Насилството е најчесто физичко, а најмногу жртви се жени, деца и стари лица.

 

Анита Димитријевска Велковска