Лековитите својства на чудесниот корен- ѓумбир

25.01.2021 17:12

Заради своите аналгетски, антивоспалителни, антибактериски својства, ѓумбирот уште од дамнина се корисел во кинеската, јапонската и индиската медицина за лекување на многу здравствени проблеми-кашлица, затвор, повраќање, мигрена, дебелина, и за кардиоваскуларни проблеми. Ѓумбирот има многу лековити својства. На пример чајот од ѓумбир е корисен против настинки, кашлица, грип или други респираторни заболувања...

Ѓумбирот кој на латински се нарекува Zinziber oficinale е ароматична и лековита билка која што потекнува од Азија. Делот што најмногу се употребува е коренот кој има лут и ароматичен вкус. Коренот на ѓумбирот може да се конзумира свеж , сув или во прав, во капсули или како сируп и масло. Ѓумбирот има широка примена и во кулинарството и во медицината. Заради своите аналгетски, антивоспалителни, антибактериски својства, ѓумбирот уште од дамнина се корисел во кинеската, јапонската и индиската медицина за лекување на многу здравствени проблеми-кашлица, затвор, повраќање, мигрена, дебелина, и за кардиоваскуларни проблеми. Ѓумбирот има многу лековити својства. На пример чајот од ѓумбир е корисен против настинки, кашлица, грип или други респираторни заболувања. Се пие во мали голтки. Добар е и за имунитет. Секое утро се зема со топла вода, рендан заедно со малку лимон и мед. Овие состојки придонесуваат за зголемување на белите крвни зрнца и на природен начин се засилува вашиот имунитет. Ѓумбирот е добар и против мачнини и повраќање како и за вртоглавица. Ова особено се однесува на бремените жени. Чајот од ѓумбир е добар како суплемент по хемотерапија, за да ги ублажи симптомите на мачнина, секако во консултација со лекар. Неодамнешни научни истражувања покажауваат дека ѓумбирот може да биде делотворен за уништување на канцерогени клетки на јајниците. Ѓумбирот може да спречи бенигните клетки да преминат во малигни. Коренот од ѓумбир е добар за ублажување на напнатоста и болката предизвикана од мигрена. Заради своите антивоспалителни карактеристики, ѓумбирот ги блокира супстанците кои создаваат болка и воспаленија во крвните садови на мозокот, па така ја ублажува дури и ја отстранува мигрената. Ѓумбирот ги согорува мастите и во себе содржи супстанци кои го забрзуваат метаболизмот, а со самото тоа ги согоруваат маснотиите. Ѓумбирот во прав е ефикасен за ублажување на болки и воспаленија од артритис. Се вари како чај и потоа се конзумура лажичка по лажичка, во текот на целиот ден. Заболените од артритис може секојдневно да додаваат ѓумбир и во салати и друга храна. Ефикасен е и против менструални болки. Три дена пред циклусот се конзумира екстракт од ѓумбир по 4 пати на ден. Студиите покажуваат дека ѓумбирот игра важна улога при снижувањето на холестеролот во крвта. Исушениот корен на ѓумбирот се користи кај воспаление на носната слузница, се пие како чај од иситнет исушен ѓумбир по два пати на ден се додека не се прочисти носната шуплина и носните патишта. Антибактериските својства на ѓумбирот имаат моќ да го елиминираат хеликобактерот, кој е одговорен за гастритис и чир на желудникот. Ѓумбирот ја неутрализира зголемената желудечна киселина која може да ја оштети слузокожата на желудникот. Ефикасен е против ешерихија коли во цревата што е причина за многу други цревни заболувања. Ја подобрува циркулацијата на крвта, спречува појава на тромбови, срцеви удари и ангина пекторис, а исто така ги зајакнува крвните садови. Добар е и против хроничен умор. Тој е силен антиоксиданс па затоа се користи и при изработка на производи за убавина. Џинџеролот во ѓумбирот кој е антиоксиднас ги елиминира слободните радикали што ја оштетуваат кожата и така ја прават мазна, нежна и тонирана.

Ѓумбирот се смета за афродизијак. Во сите светски кујни наголемо се користи како зачин, како додаток во разни салати, колачи, пецива, и јадења, а може да се додава и во разни напитоци. Комбинацијата од ѓумбир и мед уште одамна се користи за лекување многу здравствени проблеми. Идеален е за искашлување, го ублажува болното грло, се подобрува варењето.

Со оглед на лековитоста и сите корисни својства ѓумбирот може секој ден да го употребувате но без претерување. Важно е да се знае следното- трудниците и луѓето што пијат лекови против згрутчување на крвта мора да се консултираат со лекар пред да решат да го конзумираат ѓумбирот. Тој може да ја зголеми телесната температура па така не се препорачува при покачена температура. Преголемата употреба може и да влоши одредени срцеви заболувања. Не се препорачува ниту кога се дои.

Соња Стојановска