Тутунот ќе се откупи во целост

17.03.2014 15:47

На барање на Светската здравствена организација производството на ориентален тутун мора да се намали, но тоа ќе зависи и од побарувачката на тобако индустријата...

Од годинешнава реколта производителите продадоа 32,68 милиони килограми тутун, а според ресорниот минстер останува уште малку за откупот да заврши во наредните денови. Договорени се и количините за 2014. На барање на Светската здравствена организација производството на ориентален тутун мора да се намали, но тоа ќе зависи и од побарувачката на тобако индустријата.

„Цениме дека годинашното производство од 25 до 26 милиони килограми, кое е во  рамки на досегашниот просек од изминатите 30 години, е и оптимумот во кој би требало да се движи производството. Со тоа се согласуваат и производителите зашто оваа количина е сосема доволна за стабилно производство и соодветна цена со која тие би биле задоволни“, рече министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

На денешната средба на ресорните инситуции се разговарало и за извозот на јагнешко месо. Регистриран е зголемен број склучени договори.

„Шпицот се очекува околку велигденските празници и за сега имаме мало зголемување во однос на лани. Заклучно со вчера, беа извезени 38 илјади јагниња“, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.

Двесте  тони свинско домашно месо  не е откупено од  месната индустрија . Производителите и преработувачите  утре ќе бараат решение . Во Македонија годишно се произведуваат 10.000 тони свежо свинско месо, а последните години бележи пораст. Од друга странво земјава се трошат 9.000 тони замрзнато свинско месо од увоз.

Дијана Ценевска