Насер Зибери избран за нов Народен правобранител
26.01.2021 10:13
Алијансата за Албанците со забелешка дека тој пред шест месеци бил дел од предизборната кампања на ДУИ како кандидат за премиер. Алтернатива му порача да се врати да биде нотар...

Со гласовите на парламентарното мнозинство, Насер Зибери избран за Народен правобранител.
Алијансата за Албанците со забелешка дека тој пред шест месеци бил дел од предизборната кампања на ДУИ како кандидат за премиер. Алтернатива му порача да се врати да биде нотар.
Од партијата на Ахмети со одговор- апсурдно е да има несогласување за човек кој пред сѐ е искусен правник.
Столчето на обмудсманот остана празно откако Иџет Мемети пред крајот на својот втор мандат влезе во Советот на јавни обвинители.
