Почнува исплатата на јануарските пензии
26.01.2021 10:20
Оние кои поседуваат платежна картичка, со својата пензија ќе можат да располагаат уште во текот на денешниот ден.

Стартува предвремената исплата на јануарскте пензии, како дел од мерките поради Ковид- 19. Оние кои поседуваат платежна картичка, со својата пензија ќе можат да располагаат уште во текот на денешниот ден.
Со цел да не се создава метеж, во експозитурите на банките, подигнувањето на пензиите ќе биде поделено во четири групи: денеска ќе бидат исплатени пензиите во висина до 11.000 денари, а утре износите од 11.000 до 14.000 денари. В четврток пензија ќе добијат пензионерите со износ од 14.000 до 18.000, додека во петок ќе бидат исплатени пензиите повисоки од 18.000 денари.
