САД
Демократите поднесоа обвинение против Трамп во Сенатот
26.01.2021 10:43
Постапката треба да почне на 9 февруари...

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Обвинет е за поттикнување насилства при упадот на неговите приврзаници во Капитол Хил на почетокот на јануари кога се потврдуваше победата на Џо Бајден. За да биде осуден, потребно е двотретинско мнозинство.
Постапката во Сенатот треба да почне на деветти февруари.
