КОВИД-19

Нови протести во Холандија, Британија отвора нови центри за вакцинација

26.01.2021 10:25

Во Британија се отвораат нови 30 центри за вакцинација со цел да се забрза процесот на имунизација. Пред неколку недели земјата беше повторно затворена.

Во Холандија повторно судири меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираат против мерките за ковид-19. Минатиот викенд беше воведен полициски час.

Во Британија се отвораат нови 30 центри за вакцинација со цел да се забрза процесот на имунизација. Пред неколку недели земјата беше повторно затворена.

Новите мерки ќе траат најмалку до средината на февруари. Досега се вакцинирани над шест милиони луѓе.

Во Сирија почнаа да се имунизираат руските војници во воздухопловните бази. Според властите, во земјата сигнале доволен број пратки со „Спутник 5“.

На глобално ниво, од ковид-19 починале 2,14 милиони лица.