МВР: 431 санкција за неносење маска
26.01.2021 10:51
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владатa...

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 431 прекршок, соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид- 19.
