ИТАЛИЈА
Конте поднесува оставка и ќе бара нов мандат
26.01.2021 11:11
Премиерот се обидува да избегне гласање во Парламентот...

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ќе поднесе оставка и ќе бара нов мандат за формирање нова влада. Тој се обидува да избегне ризично гласање во Парламентот за спорниот извештај за правосудниот систем и да ги убеди центристичките и независните пратеници да преминат во редовите на владата откако го загуби мнозинството во Сенатот.
Партијата „Италија Вива“ предводена од поранешниот премиер Матео Ренци ја напушти коалицијата поради несогласувања околу кризата со коронавирусот и економската рецесија.
Конте е премиер од јуни 2018 година. Од Втората светска војна, Италија имала 66 влади.
