Владата ќе ја одржи редовната 41-ва седница

26.01.2021 11:15

На седницата ќе биде разгледана Програмата за работа за 2021 година на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија, со предлог-одлуки, како и Предлог-програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година и Програмата за работа на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година.

Владата денеска преку видео- конференциска врска ќе ја одржи редовната 41-ва седница со повеќе точки на дневен ред. На седницата ќе биде разгледана Програмата за работа за 2021 година на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија, со предлог-одлуки, како и Предлог-програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година и Програмата за работа на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година.

На предлог на Министерството за финансии на денешната седница на дневен ред на оваа седница ќе биде разгледана Информацијата за Програмата на економски реформи 2021-2023 година.

Министрите во Владата на оваа седница ќе се произнесат и за Годишниот финансиски план на Агенцијата за планирање на просторот во 2021 година.