Се разгледува можноста за набавка и на кинсеки вакцини
МТВ контактираше со Кинеската амбасада во земјава. Оттаму потврдија дека со нивна помош се остварени контакти со тамошните производители на вакцини и доколку е неопходно и понатаму ќе помага во комуникацијата...

Македонските здравствени власти ја разгледуваат можноста за набавка на вакцини против Ковид-19 од кинеските компании „Синовак“ и „Синофарм“. Веќе оствариле контакти со производителите. Се чекаат детали во однос на договорот, цената и испораката, кои најверојтно ќе се знаат до крајот на неделава.
МТВ контактираше со Кинеската амбасада во земјава. Оттаму потврдија дека со нивна помош се остварени контакти со тамошните производители на вакцини и доколку е неопходно и понатаму ќе помага во комуникацијата. Според здравствените власти, проблем не би требало да претставува тоа што кинеските вакцини не се одобрени од Европската агенција за лекови. Велат, дека производителите имаат сертификати од матичните земји и нема сомнеж за нивниот квалитет.
Сепак, земјава не се откажува од планираните дози преку Ковакс механизмот. За в петок најавен е состанок на кој треба да се прецизира кога и колкава количина вакцини ќе дојдат во земјите кои аплицирале прку овој механизам. Засега Македонија останува меѓу последните земји во регионот каде имунизацијата сѐ уште не е започната.
