НАТО - Русија да не го анектира Крим - ќе ја прекрши Повелбата на ОН

17.03.2014 16:04

Северноатлантскиот совет (НАК)  на денешниот состанок  во Брисел донесе одлука да не го признае референдумот за отцепување на Автономната Република Крим од Украина и нејзино припојување кон Русија. Притоа, земјите-членки на Алијансата ја повикаа Русија да не го анектира Крим, бидејќи на тој начин ќе ја прекрши Повелбата на Обединетите нации.

- Ние сметаме дека т.н. референдум одржан на 16 март во украинската Автономна Република Крим е незаконски и нелегитимен. Референдумот го прекрши украинскиот устав и меѓународното право, поради што членките на НАТО не ги признаваат неговите резултати. Околностите под кои се одржа референдумот беа со длабоки недостатоци и затоа тој е неприфатлив се наведува во заклучокот на Северноатлантскиот совет.

Притоа, Алијансата ја повикува Руската Федерација да придонесе за деескалација на ситуацијата, вклучувајќи и прекинна сите воени активности против Украина, потенцирајќи дека референдумот „ги поткопува напорите за изнаоѓање политичко решение за кризата во Украина”.

- Ние и натаму ја повикуваме Русија, во чест на сите нејзини меѓународни обврски, да се врати на патот на дијалог и бараме мирно, политичко решение, вклучувајќи и  директен дијалог со владата на Украина. Затоа ја поттикнуваме Руската Федерација да не презема какви било чекори за анексија на Крим, што ќе биде јасно кршење на Повелбата на Обединетите нации, се посочува во заклучокот на Советот на НАТО.

Членките на НАТО ја повторија и својата целосна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и принципот на неповредливоста на нејзините меѓународно признати граници.