Граѓанските организации начелно задоволни од предложените реформи во образованието

26.01.2021 15:56

На маса со ресорната министерка Царовска за реформите во образованието ги спротивставија аргументите преставнци на неколку граѓански организации кои ги заштитуваат правата на лицата со попреченост, промовираат и унапредуваат права за родова еднаквост и од Хелсиншкиот комитет. Царовска е задоволна од поддршката на концепцијата. Опозицијата со критика дека процесот го турка на сила и на сметка на квалитетот...

Граѓанските организации се начелно задоволни од предложените реформи и новата концпеција, но на ресорната министерка и ги предочија недостатоците. Од „Мобилност“ потсетија дека за ефикасен и успешен воспитно- образовен процес на лицата со инвалидност се потребни соодветни пристапи до сите училишта, тоалети и најважно од сѐ, брајови тастатури за читачи на екрани, асистенти, но и други предуслови.

Од коалицијата „Маргини“ се задоволни што во концепција е содржана родовата рамноправнаст, недискриминација и ненасилството. Хелсиншкиот комитет со поддршка поради воведувањето на пристапот на меѓуетничка интеракција што ќе го намали насилството, пред сѐ кај учениците. Тие се согласни - промени во образованието се неопходни. Ресорната министерка оцени- дебатата покажала дека новата концепција е поддржана од граѓанските организации.

За државната матура, Царовска рече дека е законска обврска за оние кои сакаат да продолжат во високото образование во државата или надвор од неа. Средното образование е задолжително, а државната матура е изборна, посочи министерката.

Опозицијата ја обвини министерката дека не сака да ги слушне аргументите за реформите во образованието и од други експерти, не само на оние блиски до СДСМ и заев. Според ВМРО-ДПМНЕ, се избегнува дебатата во Собранието. Велат и дека Царовска на сила и без консензус на своја рака сака да го истурка процесот со што ги доведува во прашање квалитетот и важноста на реформата.

Фиљана Кока