Енергетика

Меѓу 800 и 900 милиони евра годишно потребни за да се спроведе енергетската транзиција

26.01.2021 16:10

Меѓу 800 и 900 милиони евра на годишно ниво се потребни во наредните години за да се спроведе енергетската тразиција во земјава, претежно инвестиции на приватаниот сектор. Конференција „Визија за енергетската транзиција 2040“. Реформите се насочени кон обвновливи извори на енергија – велат надлежните...

Се разгледува можноста да се зголемат екоколошките стандарди за увоз на возила- велат од Министерството за економија. Се прват анализи, допрва ќе се знае дали со заострување на мерките за намалување на издувните гасови, ќе се забрани и увоз на возила под еуро-стандард 5. Сега може да се регистрираат само возила кои не се под еколошкиот стандард 4. Пари за реализација на субвенциите за замена на стари со нови возила и купување хибрид сѐ уште не се планирани во државната каса.

„Согласно комуникациите што ги имаме со Министерството за животна средина, годинава, најверојатно, треба да се зголеми стандардот. Во моментов не е можен увоз на возила со еколошки стандард понизок од евростандард 4“, рече министерот за економија, Бектеши.

За да се спроведе енергетската транзиција ќе бидат потребни меѓу 800 и 900 милиони евра на годишно, најголем дел инвестиции од приватниот сектор. Владата планира првата половина на годинава да ја заокружи регулативата за влез во инвестицискиот циклус, мерките да ги насочи кон обновливите извори на енергија. Ќе бара пари од Светска банка, европските и други фондови за енергетска ефикасност .

Производството на електрична енергија од јаглен да се замени со производство на електрична енергија од обновливи извори – ова е суштината на енергетската транзиција.

„Во моментов струјата од обновливи извори чини 105 евра за 1 mw/h , додека цената на ЕСМ кон универзалниот снабдувач е 38,8 евра за 1 mw/h. Притоа од обновливите извори во нашата земја не може да се произведе базната енергија која е клучна за стабилноста на електроенергетскиот систем“, вели првиот човек на РКЕ, Беслимовски.

РЕК Битола постепено ќе се затвора, струјата од јаглен ќе престане да ја произведува во 2040 година. За три години треба да престане првиот блок, а дотогаш да биде готова гасната централа со јачина од 250 мегавати.

„Планот е со завршувањето на грејната сезона 2025/ 2026 година да престане да работи првиот блок на РЕК Битола, потоа со завршувањето на сезоната 2031/2032 да се затвори вториот блок, и последниот – трети блок, да престане да работи со завршувањето на грејната сезона 2039/2040 година“, рече директорот на РЕК Битола, Ковачевски.

Конференцијата продолжува со дискусија за ефектите од енергетските реформи. Активностите се дел од проектот „Развој на програма за имплементација на Националната стратегија за развој на енергетиката“ финансиран од Британската амбасада Скопје преку Фондот за добро управување.

 

Сузана Фиданска Стоевска