Димитров и Османи на разговори со Лајчак: Македонија е подготвена да ги почне преговорите
Во владиното соопштение се наведува и дека земјава мора да продолжи по овој пат, што ќе биде потрвда за одржувањето на политиката на проширување на агендата на Унијата.

Во Брисел средба на шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот Никола Димитров со специјалниот претставник на Европската унија за Западен Балкан и за дијалогот Белград- Приштина, Мирослав Лајчак.
На средбата едногласно било заклучено дека Македонија е подготвена да ги почне преговорите со Европската унија. Во владиното соопштение се наведува и дека земјава мора да продолжи по овој пат, што ќе биде потрвда за одржувањето на политиката на проширување на агендата на Унијата.
Работната посета на Брисел беше заокружена со работен ручек со претставниците на Генералниот директорат во ЕК за соседство и проширување, на којшто беа разменети мислења за постигнувањата и идните реформски планови.
