Ќе се уриваат обејктите околу „Треска“, сопствениците на камп приколките револтирани
По 43 години од изградбата на „Треска“, багери ќе ги уриваат постојните објекти околу езерото. Камперите пак, добиле известување во рок од 60 да ги отстранат приколките. Причината, според Општина Сарај, е планот за слободна туристичка зона.

Сопствениците на камп приколките, револтирани, велат- рекреативниот центар е изграден со наши пари. Разочарани се и од управувањето на Општина Сарај, бидејќи не се водело грижа ниту за безбедноста ниту за чистотата. Бараат да се запрат известувањата за отстранување на приколките, а Владата под итно да ги прими претставниците на здружението.
Езерото „Треска“ е изградено со самопридонес, на крајот на 70-тите години, со средства на скопските жители за кои и нема друг рекреативен центар во близината на градот.
Марија Котовска
