Текстилците задоволни од ослободените царински давачки
Текстилната индустрија ја поздравува владината одлука за укинување на царинските давачки за увоз на репроматеријали. Ќе ги закрепне текстилните компании, ќе ја зголемат конкурентноста, а и грижата за вработените. Одлуката ќе им помогне и на извозните и на компаниите кои работат по лон систем, а се најголемиот број...
Вистинска помош и поддршка на текстилната индустрија и исправање на неправдата. Вака се оценува владината одлука со која од 1-ви февруари се укинуваат царинските давачки за увоз на репроматеријали во текстилната индустрија. Бенефитите се од зголемување на конкурентноста во извозот, вложување, преструктуирање, до задржување и повисок стандард за вработените.
Дури 90 насто текстилци работат по лон систем, за нив одлуката е уште позначајна. Во ослободени царински давачки се 71 ставка од текстилната, кожарската, и од други дејности.
Во земјава се речиси 150 текстилни фирми со околу 35.000 вработени. Во преработувачката индустрија, текстилната учествува со 40 насто, а во вкупниот извоз од земјава со 10 проценти. За текстилците е битна и владина помош за платите зашто главниот партнер во лон- системот, Германија, останува затворена со пандемијата.
Елизабета Митреска
