Победа на СНС со над половина пратенички места во собранието
Апсолутна победа на СНС. Освоени повеќе од половина мандати во Собранието! Дебакл на опозицијата!

„Ова е најдобар изборен резултат во Србија во последните 25 год, подобар и од оној на Милошевиќ во 90-тите год“- изјави победникот на парламентарните избори во Србија, Александар Вучиќ. Според ДИК, од излезеноста од 53 %, СНС на Вучиќ освоила дури 48,37%.Преточено во пратенички мандати тоа значи-156 од вкупно 250 колку што брои српскиот парламент.
„Сигурен сум дека Србија ќе го продолжи европскиот пат. Ќе соработуваме со сите и со русите и со американците, кинезите и други. Сигурен сум дека Србија ќе продолжи со борбата против корупцијата но најважна задача ќе ни е решавање на невработенсота“, изјави Александар Вучиќ
Второ место освои коалицијата на социјалистот Дачиќ со 14% гласови и 45 пратеници. Големо изненадување се освоените 18 пратенички места на НДС на Тадиќ со 18 пратеници, еден повеќе од ДС на Џилас. „Изборите го донесоа очекуваното-апсолутна победа на напредњаците, што ќе значи и апсолутна одговорност во иднина“ - изјави аналитичарот Ѓорѓе Влајиќ
„Овие избори се чини дека и отсвирија крај на политичката групација-ДС. Практично од она што ги предизвика промените на 5 октомври, остана само ДС која е поделена на два дела“, рече Ѓорѓе Влајиќ-Директор на Радио Белград.
Во парламентот веќе нема да бидат застапени партиите на Коштуница, Чеда Јовановиќ и Џинџиќ.
Најдоцна до 1 мај Вучиќ треба да ја формира идната влада.Во Белград има многу комбинаторики. Но едно е сигурно, Србија е во криза и ја чекаат реформи.
Од Белград за МРТ-Оливер Бранковиќ
