Телефонски разговор Бајден- Путин
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател ја потврдил поддршката на САД за суверенитетот на Украина наспроти поддршката на Москва за сепаратистите на истокот од земјата и нејзината постојана окупација на Крим.

Претседателот на САД, Бајден и неговиот руски колега Путин договорија продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје пред неговиот истек на почетокот на следниот месец. Ова е прв телефонски разговор меѓу двајцата претседатели по инаугурацијата на Бајден минатата недела.
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател ја потврдил поддршката на САД за суверенитетот на Украина наспроти поддршката на Москва за сепаратистите на истокот од земјата и нејзината постојана окупација на Крим.
Бајден исто така го посочил и сомневањето дека Русија стоела зад масовното хакирање на американската влада.
