Над 100 милиони луѓе во светот заразени со Ковид-19
САД во кои бројот на заразени изминатиот викенд надмина 25 милиони и натаму е земја со најголем број на инфекции од коронавирус и смртни случаии.

Над 100 милиони луѓе се заразени со Ковид-19. САД во кои бројот на заразени изминатиот викенд надмина 25 милиони и натаму е земја со најголем број на инфекции од коронавирус и смртни случаии.
И Британија високо котира на неславната листа со повеќе од 100 илјади починати од компликации со Ковид-19. Останатите европски држави настојуваат на построги мерки на границите, со надеж дека така ќе се спречи трансмисијата на новиот сој на вирусот.
Поради спречување на новиот вид на коронавирус контролата на границата се обидува да ја зајакне и Германија со најава дека е можно и целосно укинување на летовите.
