Одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот

27.01.2021 11:30

Со цел никогаш да не се заборави злосторството врз Евреите, земјава се приклучи кон одбележувањето на Меѓународниот ден на холокаустот, 27-ми јануари , денот кога е ослободен логорот Аушвиц. Учесниците на видеконференцијата во организација на македонското МНР, истакнаа дека должност на секој човек е да не биде нем набљудувач на ксенофобијата и нетолеранцијата кон поразличните од нас...

Едноминутен молк во чест на над шестте милиони жртви на холокаустот. На Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот, земјава се потсети на 7.144 македонски Евреи однесени во смрт во логорот Треблинка. Со порака никогаш да не се повтори.

Денешните генерации имаат обврска кон жртвите на холокаустот да не бидат набљудувачи кон ксенофобијата и омразата кон различноста на другите.

Со цел никогаш да не се заборави злосторството врз Евреите, земјава се приклучи кон одбележувањето на Меѓународниот ден на холокаустот, 27-ми јануари , денот кога е ослободен логорот Аушвиц.

 

Ирина Гелевска