Меси погодува за историја во Барселона

17.03.2014 16:25

Лионел Меси со хет-трик против Осасуна стана најдобар стрелец во историјата на Барселона со 370 гола и успеа да го надмине Паулињо Алкантара, кој застана на бројката од 369.

Но, неговиот претходник кој е роден во 19 век (1896), и даваше голови во минатиот век (1912-1927), до својата импресивна голгетерска цифра дојде со најмногу прецизни удари во пријателските дуели, дури 227. На официјалните Алкантара постигнал „само“ 142. Покрај многуте голови во пријателските средби, Алканатара го зголемуваше контото и во Купот на  Каталонија (95) или во Купот на Пиринеите (5) гола.

Аргентинскиот волшебник го собори рекордот со речиси 100 натпревари повеќе (453), но во неспоредливо посилна конкуренција и во потешкки натпреварувања. Во Примера постигна 232, во Лигата на шампионите 67, 29 во Купот на Кралот, 10 во Суперкупот на Шпанија, 4 на клупското СП, еден и во европскиот Суперкуп, додека во пријателските средби само 27.

Интересно, Меси стана најдобар стрелец во историјата на Барселона токму против клубот кој му е стар муштерија: На Осасуна за десет години и дал дури 19 гола. Но, овој клуб не е неговата најголема жртва. Таа чест ја има Атлетико, чија мрежа Лео ја има затресено 20 пати.

До новиот рекорд кој го собори на 26 годишна возраст, Меси дојде на импресивен начин. Овации од сите на  Ноу Камп, Меси доби по три од седумте гола за Барса против Осасуна плус една асистенција по која Педро стави печат на високата победа.