Граѓанскиот сектор бара условите за работа од дома да бидат регулирани

27.01.2021 12:59

Граѓанскиот сектор бара условите за работа од дома најскоро да бидат регулирани. Пандемијата ја влошила продуктивноста на компаниите, велат од организацијата на работодавци. На сесијата на Националната конвенција за ЕУ, посочено дека новиот Закон за работни односи треба да обезбеди баланс меѓу работата и семејството, и заштита на работникот...

Долгорочни последици врз здравјето на работниците донесе новиот начин на работа од далечина. Од граѓанскиот сектор посочуваат на заштитата на личните права на работниците. Бараат условите за работа од дома најскоро бидат регулирани.

Конфузија и кај работодавците. Од Организацијата велат дека пандемијата ја влошила продуктивноста на компаниите, нејаснотии имало околу дозволите за движење, отсуствата од работа поради Ковид- 19.

На злоупотреби од работодавците упатија од Сојузот на синдикатите.

Од Секторот за нееднакви можности од Министерството за труд велат дека пандемијата ги засили родовите разлики. Новиот Закон за работни односи треба да обезбеди баланс меѓу работата и семејството и заштита на работникот.

Според експертите, правните механизми треба да ги опфатат трошоците за работа од дома и отпуштањата.

Министерката за труд Шахпаска потенцира дека зачувување на секое работно место беше приоритет на Владата. Поддршка имаше и за најранливите категории граѓани, беше истакнато на сесијата на Националната конвенција за ЕУ.

 

Дијана Ценевска