Битола

Температурните разлики ги зголемија повиците на итната помош

27.01.2021 13:47

За дваесетина дена битолчани трпат температутна разлика од околу 25 степени. Хроничните болни и оние со оперативни зафати велат, сето тоа го чувствуваат. Од битолската Итна медицинска помош велат ваквите интевенции и повици се зголемени...

За неполн месец неколку годишни времења над Битола. Од -15 до плус 11 од време со сончеви периоди до големи влажни бранови. Временски прилики и неприлики што ги принудија хронично болните почесто да се обраќаат до Итната медицинска помош. Медицинските екипи и возила во подготвена состојба.

За 24 часа просечно има над 39 домашни интервенции и уште толку амбулански преглиди. Но, не е помал бројот и на оние што се обраќаат и во ургентното оделение и останатите амбуланти.

Температурни осцилации влијаат и на психичките заболувања и на оние кои имале некои оперативни зафати. Во шега велат- сами сме прогнозери на времето.

Во прилог не им оди и временскат прогноза за Битола и во следниве денови. Апелот на лекарите дециден овие категории на луѓе без итна потреба да не излегуваат и редовно да ја земаат препишаната терапија.

Стевче Митревски