Вакцинацијата против Ковид-19 во три фази, приоритет ќе имаат ризичните групи
Вакцинацијата на населението ќе се спроведува во три фази во кои се опфатени различни категории граѓани. Фазите ќе бидат во согласност и во зависност од пристигнување на вакцините и различните приоритетни групи за вакцинација, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.

Владата на вчерашната 41 седница го разгледа и усвои Националниот план за Ковид-19 вакцинација во земјата. Вакцинацијата на населението ќе се спроведува во три фази во кои се опфатени различни категории граѓани. Фазите ќе бидат во согласност и во зависност од пристигнување на вакцините и различните приоритетни групи за вакцинација, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.
Три главни групи се приоритетни со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура, додаде Хоџа.
Од останатите точки кои вчера беа разгледани на владината седница, Хоџа информира дека Владата ја донесе и Програмата за економски реформи 2021 – 2023 година, која, како што рече, до крајот на оваа недела ќе биде доставена до Европската комисија.
