Нов регистар на вистински сопственици
Во наредните 90 дена, сопствениците на правни субјекти ќе треба да се евидентираат во новиот Регистар на вистински сопственици. Целта на оваа алатка е да идентификува, кој управува со фирмите и да се спречи затајувањето на даноци, перењето пари и богатење од криминал. Оние кои нема да се евидентираат, ќе имаат натамошен проблем со финансиското работење на фирмите. Во новиот регистар кој е усогласен со европските стандарди ќе имаат увид сите граѓани...

Вистинските газди на сите правни субјекти во државата имаат рок од 90 дена да ја евидентираат сопственоста во новиот регистар. Во спротивно ќе наидат на потешкотии во финансиското работење. Истото важи и за уписот на нови фирми, компании и организации, но имаат на располагање 8 дена. Освен сопственоста ќе се запишува и уделот во други компании.
Новата алатка изготвена по европски терк, има за цел да стави крај на криењето даноци, перењето пари и финансирањето тероризам.
Надлежните очекуваат вистинитост на 100 насто од податоците, затоа што сега газдите нема да можат да се кријат зад други имиња.
Досега обуки посетиле повеќе од 200 потенцијали подносители на податоци.
Анита Димитријевска Велковска
