394 нови случаи со Ковид-19, починати девет лица

27.01.2021 14:21

Починати се 9 лица, два пациенти од Скопје (74 и 82г), два од Кичево (61 и 70г), по еден од Ресен (77г), Битола (87г), Виница (57г), Охрид (79г) и Прилеп (65г). Осум од пациентите се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 190, Кавадарци – 29, Велес – 19, Делчево – 16, Куманово – 14, Охрид – 12, Дебар – 12, Гостивар – 11, Прилеп – 7, Штип – 7, Битола – 7, Берово – 7, Демир Капија – 7, Кичево – 6, Тетово – 5, Струмица – 5, Гевгелија – 5, Свети Николе – 4, Неготино – 4, Виница – 4, Струга – 3, Кочани – 3, Крива Паланка – 3, Радовиш – 3, Крушево – 3, Ресен – 2, Пробиштип – 2, Кратово – 2 и Пехчево - 2.

Регистрирани се 387 оздравени пациенти од: Скопје – 255, Куманово – 21, Тетово – 15, Струмица – 15, Велес – 14, Ресен – 12, Битола – 11, Дебар – 8, Гостивар – 7, Кавадарци – 5, Штип – 4, Кичево – 3, Демир Хисар – 3, Делчево – 2, Охрид – 2, Гевгелија – 2, Свети Николе – 2, Кочани – 2, Богданци – 2, Берово – 1, Валандово – 1.

Починати се 9 лица, два пациенти од Скопје (74 и 82г), два од Кичево (61 и 70г), по еден од Ресен (77г), Битола (87г), Виница (57г), Охрид (79г) и Прилеп (65г). Осум од пациентите се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Направените 2.236 теста се преку: ИЈЗ-518, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-188, Биотек-138, МАНУ-110, Жан Митрев (Филип Втори)-101, Систина-150, лабораторија Лаор–128, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-53, Инфективна клиника-6, ГАК-0, Синлаб-46, Ремедика-8, лабораторија болница Козле-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)-699, УК Пулмологија со алергологија–5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 448.031 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91.555, бројката на оздравени пациенти е 80.008, на починати е 2.821, а бројот на активни случаи изнесува 8.726.