Колку е штетно да се бакнуваат животните?

27.01.2021 15:53

Ниту е здраво ниту е хигиенски, но сопствениците тоа го сметаат за безопасно и сметаат дека нивната плунка е почиста од нашата. Тоа е заблуда која може скапо да не чини. Лигавицата или плунката на кучињата и мачките содржи преку стотина бактерии кои се многу опасни за здравјето. Бактеријата пастеурела е една од поопасните.

Домашните миленичиња се како дел од семејството и се создава силна емотивна врска која се искажува на разни начини, но дали бакнувањето со нив носи опасности? Особено малите деца се во многу блиски контантакти. Што велат истражувањата за гушкањето, бакнувањето и лижењето на кучињата и мачките?

Ниту е здраво ниту е хигиенски, но сопствениците тоа го сметаат за безопасно и сметаат дека нивната плунка е почиста од нашата. Тоа е заблуда која може скапо да не чини.  Лигавицата или плунката на кучињата и мачките содржи преку стотина бактерии  кои се многу  опасни за здравјето. Бактеријата пастеурела е една од поопасните. Може да дојде до  инфекција, особено ако бактеријата дојде на  отворена рана. Брзо се проширува, и мора да се лекува со антибиотици.  

Иако е помалку веројатно, при бакнување може да се пренесат и паразити. Паразитите се испуштаат преку столицата, но кога кучето се лиже себе си па вас веројатноста да ви пренесе паразити е поголема. Многу сопственици немаат никакви проблеми , но одредени се под зголемен ризик. На пример бебињата кои се уште немаат развиен имунолошки систем, или луѓе со послаб имунитет, на пример дијабетичари, пациенти на хемотерапија, трудници, стари луѓе, луѓе со отворени рани, тинејџери со мозолчиња се поподложни на инфекции. Одговорните сопственици на миленичиња сепак на некој начин ја намалуваат опасноста од инфекции. Потребно е редовно вакцинирање, редовна ветеренираска грижа, како и чистење на миленичињата од паразити. И покрај сета грижа и одговорност, лекарите препорачуваат   дека најдобра заштита од инфекции и паразити е да избегнувате  да се воздржувате од вакви облици на нежност и искажување лјубов кон миленичињата. Не ги бакнувајте во уста.

Бакнувањето и чешањето мачки пак може да биде и фатално за здравјето. Ова го открива една нова студија. Американските  стручњаци ја откриле болеста што ја пренесуваат мачките а се манифестира со треска, гнојни пликови, а можни се и големи компликации кои некогаш завршуваат со смрт. Оваа болест ја предизвикуваат болвите кои се пренесуваат од мачка на мачка, а луѓето  се во опасност која ја галат мачката и кога се гушкаат и бакнуваат со неа. А уште поголем е ризикот ако мачката ги гребне или гризне. Ова истражување  траело 8 години а проучени се  13 000 случаи со болеста што ја нарекле мачкини загреби. Посебно ја нагласуваат опасноста од малите мачиња и мачките скитници. И стручњаците од центарот за контрола на болести  кои го правеле ова истражување е како превенција препорачуваат без бакнување и без гушкање на мачките. Нај ризични се децата од 5 до 9 години особено во потоплите краеви. Препорачуваат задолжително да се јави на лекар секој што е изгребан или гризнат. Добро да се мијат рацете по секој допир, а особено да се внимава на малите деца да не ги допираат со лице. За заштита од болви во водата во која се бањаат мачките треба да се додаде оцет и лимонов сок.

Соња Стојановска