Туризам

Туристичките агенции ја отворија понудата, граѓаните претпазливи

27.01.2021 16:00

Аранжмани со големи попусти, уживање на снег или план за на лето. Туристичките агенции ја отворија понудата за викенд –дестинации и годишни одмори. Граѓаните претпазливи, но имаат потреба да се вратат во нормала. Лекарите апелираат- може да одиме секаде, но безбедни ќе сме само ако ги почитуваме мерките...

Македонците годинава скијаат во Србија. Црна Гора ја искористија како дестинација за прошетка. Одморот главно го организирале сами, велат од туристичките агнеции. Патувањето без тестови за Ковид – 19 ги направи примамливи дестинации. За Свети Валентин и 8 март агнециите нудат еднодневни аранжамани дома и во соседството. Првите туристи ги очекуваат во март, за да се искористат парите авансно уплатени минатата година пред ковид пандемијата. Агенциите треба да направат и нови договори со тур- опраторите од станство.

Но, не само Македонците. И странците сакаат да шетаат. Првите гости се очекуваат во втората половина од годинава. Туристите од Азија кои ја отвораа и затвораа туристичката сезона во Македонија може да ги очекуваме дури наредната година, бидејќи далечните дестинации не се тренд во ковид пандемија.

Страв од енормен број на заболени и починати ја крена на повисоко ниво дисциплината. Доктор Милица Бубало вели ако се носат маски, се почитува дистанца, се врши дезинфекција, не е страшно да се излзе, да се прошета, да се замине на пат.

Безбедни како домаќини и како гости ќе биеме само со почитување на мерките пропишани од здравствените власти. Надлежните во земјава мора да бидат пофлексибилни, да ги исполнат барањата на странските партнери. На пример, да се обезбедат ковид-тестови на англиски јазик, вакцини и лекови за да бидеме безбедна земја за посета.

 

Наташа Јанчиќ Менковски