Пандемија
Рекорден број починати од Ковид-19 во 24 часа
28.01.2021 10:07
Мутациите на коронавирусот кои се позаразни се проширија во седумдесетина земји...

Нов црн рекорд од над 18.000 починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа. Мутациите на коронавирусот кои се позаразни се проширија во седумдесетина земји.
Во трката по вакцината, покрај англо-шведската компанија „АстраЗенека“ која ги намали дури за над 60 отсто испораките, проблеми со производството и намалени количества најавија и американските производители „Фајзер“ и „Модерна“.
Вкупниот број официјално пријавени случаи на заразата со коронавирусот во светот надмина 100 милиони.
