Димитров: ЕУ ќе биде посилна со посилен и поотпорен Западен Балкан

28.01.2021 12:55

Европската унија ќе биде посилна кога би постоел посилен и поотпорен Западен Балкан, а блиската соработка ќе има улога на катализатор во овие процеси, посочи вицепремиерот за европски прашања Димитров во рамки на Петтиот форум на европската стратегија за Јадранско- јонскиот регион...

Европската унија ќе биде посилна кога би постоел посилен и поотпорен Западен Балкан, а блиската соработка ќе има улога на катализатор во овие процеси, посочи вицепремиерот за европски прашања Димитров во рамки на Петтиот форум на европската стратегија за Јадранско- јонскиот регион.

Меѓудругото, посочи дека на патот кон ЕУ, Северна Македонија е особено посветена на регионалната соработка со земјите од Западен Балкан, а ја потенцираше на финансиската помош од ЕУ во вредност од 3,3 милијарди евра за поддршка на регионот во остварувањето на целите за справување со корона вирусот.

Во следните седум години очекуваме проширена и подобро таргетирана поддршка во рамките на ИПА 3, а особено преку приоритетите на економско-инвестицискиот план за Западен Балкан, како и приоритетите на Јадранско-јонската стратегија со предвидените девет милијарди евра за стимулирање на долгорочното економско закрепнување – во изгалањето посочи Димитров.