Засилени инспекциски контроли за минималната плата

17.03.2014 16:38

Инспекторите со засилени контроли ќе внимаваат како се спроведува Законот за минимална плата...

Од овој месец минималецот изнесува 8.800денари. Ќе продолжи да се зголемува во наредните години.  Догодина ќе биде 9.590денари , а во 2016 -10.080 денари.

Инспекторите ќе пишуваат казни до 10 илјади евра за оние кои нема да го почитуваат законот и на вработените ќе им даваат плата помала од минималната. 6 илјади евра ќе биде казнета компанијата, а 4 илјади евра одговорното лице.

Со Законот за минимална плата се обезбедува социјално економска сигурност за околу 65 илајди работници.

Во текстилната и во кожарската индустрија од овој месец минималецот ќе биде 7.500 денари. Во овие сектори растот платата ќе расте во наредните четири години, за во 2018 година да стигне до 10.080 денари.

„Ретките се случаите каде што се исплаќа плата помала од минималната. Во такви случаи инспекторот го задолжува работодавачот да му исплатати до висина на минималната. Почести се случаите кога работодавачите не исплаќаат редовно плата, доцнат по неколку месеца“, вели Златко Стојановски, од Државен инспекторат за труд.

Според синдикатот, утврдувањето на минималната плата е голем успех на работничкото движење во земјава, бидејќи тоа го барале години наназад.

Наташа Јанчиќ