Се очекува британскиот сој на вирусот да биде доминантен и во земјава
Се очекува во наредните месеци британскиот сој на Ковид- 19 да стане доминантен во земјава, изјави д-р Горан Кунгуловски. Според првичните информации мутацијата на вирусот не влијае на ефикасноста на вакцината, вели Кунгуловски...

Британската мутација на коронавирусот во земјава за неколку месеци ќе почне да доминира. Се пренесува за 70 проценти побрзо од другите соеви, па ако требало да се заразат 10, од него ќе се инфицираат 17 луѓе – објаснува доктор горан кунгуловски од лабораторијата за генетика и пероснализирана медицина.
Вели, епидемиолозите треба да утврдат од кога мутираниот вирус циркулира во земјава, откако беше детектиран кај 46 годишен маж кој позитивен тест имал уште во декември. Тој не патувал во странство, па не се исклучува можнста британскиот сој да го имало две до три недели претходно. Се испитуваат и други примероци. Досегашните податоци покажуваат дека новите мутации немаа големо влијание врз вакцините.
„Вакцините функционираат доволно добро и кон новите соеви на коронавирусот. Но, и доколку се појават нови соеви на вирусот врз кои вакцините би имале намален ефект, технологијата на овие вакцини е таква што компаниите сметаат дека за месец, месец и половина, доколку е потребно би се направила и нова вакцина“, вели д-р Горан Кунгуловски – Лабораторија за генетика и персонализирана медицина.
Пациентот кај кого е откриен новиот сој на вирусот бил со средна клиничка слика, сега е оздравен. Доктор Кунгуловски објаснува дека се потребни податоци за стотици пациенти за да се утврди како британскиот сој влијае на клиничката слика на пациентите.
Здравствените власти велат- нема простор за паника и за заострување на рестриктивните мерки. Новиот сој на коронавирусот ќе го бараат меѓу заравствените работници на Клиниката за нефрологија.
На Клиниката за нефрлологија за неколку дена со коронавирусот беа заразени 24 здравствени работници. Откако вирусот за кратко време се прошири меѓу персоналот, властите најавија дека во лабораторијата во МАНУ ќе испитуваат дали станува збор за британската мутација.
Андријана Атанасовска
