Филипче: Набавуваме најсофистицирана терапија за ковид пациенти

28.01.2021 15:48

Филипче потенцираше дека кај нас е достапна целата терапија за третман на ковид пациенти, а дополнително ќе се набави нова терапија...

Ќе се набавува нова терапија за пациентите забоелни од коронавируост. Од Министерството за здравство информираат дека вчера испратиле писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицираната моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти заболени од Ковид-19, со „коктел“ од „casirivimab” и „imdevimab”.

„Испративме писмо, преку заедничкиот механизам за набавка на ЕУ, со кое аплициравме за уште една терапија против ковид, всушност на истиот принцип како што го набавивме лекот Ремдесивир. За првпат во нашата земја ќе стигне најскапата терапија за ковид, т.н моноклони антитела, специфична за овој вирус. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земи, ќе биде и кај нас“- изјави вчера министерот Филипче, и информираше дека лекот ќе биде набавен со помош на кредитот од Светска Банка.