Влада: Цврсто сме решени да ја промениме сликата и перцепцијата во борбата против корупцијата

29.01.2021 09:41

Последното рангирање на „Tранспаренси интернешнл“ за индексот на перцепција на корупција, покажува дека земјата го има истиот број поени како и предходно, што е показател дека нема назадување во процесите, стои во соопштението.

Владата е цврсто решена да ја промени сликата и перцепцијата во борбата против корупцијата, тоа е еден од главните приоритети на „Aкција 21 – Eвропски стандарди дома“, информираат од прес -службата.

Последното рангирање на „Tранспаренси интернешнл“ за индексот на перцепција на корупција, покажува дека земјата го има истиот број поени како и предходно, што е показател дека нема назадување во процесите, стои во соопштението.

На политичката сцена, најголемата опозициска партија сѐ уште дејствува против владините политики за обезбедување правна држава, велат од Владата.