Ковид-19

Гутереш ја прими првата доза од вакцината

29.01.2021 10:09

Првиот човек на светската асамблеа истакна дека руските вакцини може да играат многу важна улога во борбата против пандемијата...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот. Изјави дека е многу благодарен и им порача на сите да се вакцинираат што поскоро. Меѓудругото порача и дека организацијата мора да работи на тоа вакцината да биде достапна за сите.

„Многу е важно секој, насекаде, да се вакцинира, и мојот апел е сите да ги искористат можностите што постојат и да се вакцинираат што е можно побрзо“, нагласи Гутереш.

Првиот човек на светската асамблеа истакна дека руските вакцини може да играат многу важна улога во борбата против пандемијата и се надева дека наскоро ќе бидат одобрени од Светската здравствена организација.