Активни 8.667 случаи на Ковид-19

29.01.2021 10:16

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 91.891, бројката на оздравени пациенти е 80.393, а на починати е 2.831...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направени 1.964 тестирања, регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19, или 17 насто биле позитивни. Во болнички услови починале 10 лица, пет пациенти од Скопје и по еден од Кавадарци, Гостивар, Кочани, Охрид и од Прилеп, на возраст од 49 до 86 години. Институтот за јавно здравје, регистрира 385 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 91.891, бројката на оздравени пациенти е 80.393, а на починати е 2.831. Бројот на активни случаи е 8.667. Во ковид- центрите се лекуваат 579 пациенти, а има исто толку слободни кревети.