ЕУ ќе бара овластување за извоз на вакцини
29.01.2021 10:33
Компанијата „АстраЗенека“ соопшти дека ќе ги намали испораките на својата вакцина за околу 60% поради проблеми со производството...

Европската комисија ќе побара овластување за извоз на вакцини против Ковид-19 од ЕУ, откако производителите на лекови ја намалија закажаната испорака на дози во 27-те земји членки.
Претходно компанијата „АстраЗенека“ соопшти дека ќе ги намали испораките на својата вакцина за околу 60% поради проблеми со производството. Недостиг има и во снабдувањето со вакцината на „Фајзер“.
