Сојузот на средношколци бара поддршка од пратениците

29.01.2021 12:23

Од пратениците, Сојузот бара измени на Законот за средното образование што би се однесувале само за учебната 2020/2021 година.

Сојузот на средношколци вчера до пратениците по електронска пошта доставил писмо, со барање за поддршка да полагаат два, наместо четири предмети на државната матура. Од пратениците, Сојузот бара измени на Законот за средното образование што би се однесувале само за учебната 2020/2021 година.

Министерката за образование Царовска е категорична дека државната матура треба да содржи четири предмети. Оттаму со најава дека матурантите денеска го завршуваат бојкотот, а утре ќе се решава за следните чекори, односно, дали ќе се вратат на онлајн-настава од понеделник.