Преговорите со ЕУ неизвесни заради Бугарија

29.01.2021 12:51

Целосно сме посветени да го почнеме пристапниот процес. Преговарачката рамка е прашање за кое нема конзенсус поради Бугарија, вели вицепремиерот за евроинтеграции Димитров. Брисел бара заеднично решение меѓу Скопје и Софија, но и реформи. Колку подобри реформи, толку сте поблиску до пристапувањето во ЕУ, изјави евроамбасадорот Гир...

Сѐ уште е неизвесно дали оваа година ќе се одржи првата Меѓувладина конференција што ќе значи и официјален почеток на преговорите со ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања. Истакна дека сите во ЕУ треба да се воздржат од работи што се надвор од преговарачката рамка, а не од резултатите на историската комисија. Рече дека на последните средби во Брисел укажал дека нашата битка да почнеме преговори, не е само наша туку и на Бугарија и на целата Унија, за да не се балканизира пристапниот процес.

Преговарачката рамка е прашање за кое нема конзенсус поради Бугарија, за евроепизација на пристапен процес исклучително е важно да се концентрира на реформи, да се оди според постигнато, а не историја. Ќе се балканизира во спротивно. Многу е важно сите наши пријатели во ЕУ да помогнат овој процес да биде заснован врз основа на резултати“, изјави вицепремиерот Димитров.

Евроамбасадоро Гир потсети дека Европската унија лани донела одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија. Оцени дека за да почнат преговорите треба да се постигне заедничко решение со Бугарија за да се отстрани ветото.

Ја разбирам фрустрацијата и незадовоството од преговарачкиот процес. Прво треба да продолжи комуникациија со цел изнаоѓање заедничко решение, второ- да се работи на реформите. Колку подобри реформи, толку сте поблиску до пристапувањето во ЕУ, изјави евроамбасадорот Гир.

Пристапниот процес е најдобра алатка за реформи. Како држава сме нешто понапред и од некои земји што веќе ги почнаа преговоирте, оценува првиот човек за евроинтеграции, Димитров. Истакна дека во Брисел има огромен интерес за почеток на преговори и дека не се бориме само за македонскиот идентитет туку и за идентитетот на ЕУ како заедница на различности и вредности.

 

Ирина Гелевска