Угостителите на средба со вицепремиерот Битиќи

29.01.2021 13:14

Угостителите очекуваат и покана за учество на работната средба со претставници на 4-те комори и Владата во предлагањето и креирањето на 5-тиот сет економски мерки.

Денешната средба на претставниците на Независната угостителска комора со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е презакажана за утре. Угостителите очекуваат и покана за учество на работната средба со претставници на 4-те комори и Владата во предлагањето и креирањето на 5-тиот сет економски мерки.

Ја поздравуваат одлуката да продолжи државната помош со субвенционирањето на платите, но бараат да биде безусловна и да се работи за исплата на минимална, а не нето плата.