ГРЕКО: Македонија со добро развиена законска рамка
Во најновиот извештај во кој се врши евалуација на на корупцијата на парламентарците, судиите и обвинителите конатстира дека „Република Македонија има добро развиена законска рамка“ со која се опфатени повеќето од областите во четвртиот круг на евалуација на ГРЕКО, а се даваат и 19 препораки...

Двата главни закони, Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување на судир на интереси, според ГРЕКО даваат доволна основа за нормите и стандардите на интегритетот на пратениците, обвинителите и судиите.
Во извештајот сепак, се изразува загриженост бидејќи се оценува како недоволно спроведувањето на законската рамка за превенција на корупцијата меѓу овие професии.
Според Претседателот на ГРЕКО Марин Мрчела овие проблеми се присутни не само во Македонијам туку и кај останатите земји.
„Финансирањето на политичките партии е една од областите во кои најголемиот број, а можеби и скоро сите земји имаат голем простор за напредок“ – вели тој.
ГРЕКО смета дека е потребно да се развие културата на „интегритет“ меѓу пратениците и затоа го повикува Собранието да повторно работи на кодексот за однесување кој треба да биде придружен со кредибилен механизмам за контрола и санкции.
За обвинителите и судиите оценките се слични, а на првите им се забележува за недостаток на транспарентност и јавна комуникација.
На крајот од извештајот долг 66 страници, ГРЕКО оценува дека Националната комисија за спречување на корупцијата игра важна улога во политичката борбата против корупцијата во Македонија. Но од неа се бара поголема проактивност и поголема буџетската и кадровска опременост.
„Не се сомневам во политичката волја која постои во Македонија за да се решат овие работи, бидејќи тоа се гледа по начинот на кој се постапува кон препораките од ГРЕКО и на кој начин се работи на законодавното поле кон сите нешта кои се однесуваат на борбата против корупцијата“ – вели Мрчела.
ГРЕКО на Македонија и испорачува 19 препораки кои таа ќе треба да ги спроведе до 30 јуни 2015 година.
Тони Гламчевски за МРТ
