Тимот на СЗО се сретна со научници во Вухан

29.01.2021 14:04

Се очекува тимот да посети лаборатории, пазари и болниците во Вухан.

Тимот на Светската здравствена организација што го истражува потеклото на коронавирусот се состана со кинеските научници. Се очекува тимот да посети лаборатории, пазари и болниците во Вухан.

По завршувањето на двонеделниот карантин на тимот експерти на СЗО, сега тие можат да ја почнат истрагата, чии резултати ги очекува целиот свет.