Автопатот Тетово – Гостивар чека реконструкција три децении
Автопатот Тетово – Гостивар, еден од најфрекфрентните и најнебезбедните патишта во државата чека реконструкција три децении. Граѓаните плаќаат патарина, но услуга не добиваат. Од Министерството за транспорт и врска како и изминативе неколку години со ветување дека во тек е постапка за обнова на целата делница...

Без доволно заштитна ограда и сообраќајна сигнализација со вдлабнатини и дупки и неосветлен, патниот правец Тетово – Гостивар е еден од најризичните делници, каде полицијата често евидентира несреќи.
Возачите велат дека плаќаат за да се возат на автопат, но добиваат полоша услуга и од локален пат. Се работи за делница од 26 километри.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека од наредната година ќе се започне со реконструкција на овој патен правец.
Поради ризикот од несреќи кои на овој патен правец се евидентираат речиси секој ден на оваа брза сообраќајница е дозволено да се вози до 80 километри на час.
Зоран Димовски
